(Видео) „Нинанајна“ на Елена доби турска верзија

 

Евровизиската песна „Нинанајна“, која ја отпеа поп-пејачката Елена Ристевска, е преработена на турски јазик, а за неа е снимен и спот. Елена на својата официјална страница го пушти видеото од турската преработка, среќна што и по 12 години, како што вели, песната сè уште е интересна за слушање и пеење.

„Малку поинаква верзија на ‘Нинанајна’, преработена на турски јазик. По речиси 12 години, сè уште е интересна за европската публика. Сепак, она што останува и што се запишува во историјата се песните, сè друго е неважно“, вели Елена, која песната ја пушти вчера и со неа им го честита Илинден на своите фанови.

 

Текстот (Видео) „Нинанајна“ на Елена доби турска верзија е превземен од Reporter.mk.