(Видео) „Ноќна кралица“ на Ерзана доби нова верзија

Песната „Ноќна кралица“ на Ерзана беше голем хит во 90-ите, кога на сцената се појави младата македонска пејачка од албанско потекло Ерзана Бериша, и ја отпе на „Макфест“ во 1998. Две децении подоцна, скопскиот „Поп арт бенд“ го преработија овој голем македонски хит, Оригиналната музика инаку е дело на Ерзана, додека тексот е на Клементина Крстановска, а аранжманот на Дарко Димитров.

Ерзана во 1998 година

 

Новата верзија на „Ноќна кралица“ ја свират и пејат во живо членовите на „Поп арт бенд“, со вокалот Моника Јанков – Малиша, која во 2007 настапо на Макфест со темата „Луда по тебе“ чиј комплетен автор е Кристијан Габроски.
Покрај Моника, во „Поп арт бенд“ членуваат и Марио Ристовски – бас гитара Димитар Ганчевски – клавијатури Филип Пулески – гитара Кристијан Лафазановски – тапани Анета Василева – придружни вокали. Новата верзија доби видеоспот.

Текстот (Видео) „Ноќна кралица“ на Ерзана доби нова верзија е превземен од Reporter.mk.