Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го прекина мечот со Португалецот Жоао Соуза на Мастерсот во Париз за да му помогне на гледач во публиката на кој му се слоши.
Додека сервираше за 6:1 во првиот сет, Ѓоковиќ забележа дека нешто се случува на трибините, па го запре сервисот. Тој најпрво пријде да види што се случува во публиката, па отиде до својата клупа и на гледачот му донесе влажна крпа за да се освежи. Брзо потоа мажот во придружба на редарите на стадионот ги напушти трибините, а Новак доби огромен аплауз од публиката.
Пофалби доби и на социјалните мрежи, а фановите го нарекоа „голем човек“ и „најфиниот тенисер на светот“.
На мечот што се одржа вчера, Новак беше подобар од Соуза и се пласираше во третото коло.
The fans look after Novak, Novak looks after the fans ❤️@DjokerNole #RolexParisMasters pic.twitter.com/LOXzwiKO63
— Tennis TV (@TennisTV) October 30, 2018
Текстот (Видео) Новак Ѓоковиќ прекина меч за да му помогне на гледач од публиката е превземен од Reporter.mk.