Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, по победата над Босанецот Дамир Џумхур во четвртфиналето на Мастерсот во Париз одговараше на прашања од фановите, а едно од нив беше да каже која му е омилената песна. Наместо да одговори, Новак запеа мал дел од „Југославија“ од „Бијело дугме“ и со тоа откри која песна ја сака најмногу од сите.
.@DjokerNole imite @KMbappe dans la #PlayersBox ! Vous aussi, posez toutes vos questions à vos joueurs préférés avec le hashtag #PlayersBox ! ⚽#RolexParisMasters pic.twitter.com/3DFOmGnRn7
— ROLEX PARIS MASTERS (@RolexPMasters) November 1, 2018
Српскиот тенисер постојано е во центарот на вниманието на светската јавност. Тој за четири месеци од 22. место дојде на 1. место на АТП-листата. Исто така го привлече вниманието кон себе кога на почетокот на неделата го прекина мечот со Португалецот Жоао Соуза за да му помогне на гледач во публика на кој му се слоши.
(Видео) Новак Ѓоковиќ прекина меч за да му помогне на гледач од публиката
Текстот (Видео) Новак ја пее „Југославија“ од „Бијело дугме“ е превземен од Reporter.mk.