Откако го освои Вимблдон, Новак Ѓоковиќ со сопругата Јелена и децата летува на островот Корчула во Хрватска. Српскиот тенисер веќе објави неколку слики и видеа од одморот, а на „Твитер“ сподели и снимка на која заедно со Јелена го пеат хитот од Оливер Драгојевиќ, „Кад ми доџеш ти“. Освен што откри дека ужива во одморот, напиша и дека подобро му оди тенисот отколку пеењето.
Grateful to spend quality and special time with Jelena in Croatia. Singing with klapa group from Korčula island. Wonderful experience. #iambetterattennis pic.twitter.com/T5AndGDJJI
— Novak Djokovic (@DjokerNole) July 21, 2019
Не е првпат Новак да летува во Хрватска. Тој неодамна изјави дека за него хрватското приморје е најубаво на цел свет.
Новак летува на Корчула: Хрватското крајбрежје е најубаво на цел свет
Текстот (Видео) Новак на одмор во Хрватска пее хит од Оливер Драгојевиќ е превземен од Reporter.mk.