Песната „Ред сафари“ на Кирил Џајковски е дел од саундтрекот за филмот „Врба“ на режисерот Милчо Манчевски. Песната и спотот излегуваат истовремено со светската премиера на филмот што се одржа на 14. Филмски фестивал во Рим. По филмовите „Прашина“ и „Сенки“, Џајковски повторно соработува со Манчевски. Тие заедно соработуваа и во проектот „Бастион“.
Инаку, Кирил Џајковски се враќа на сцената со серија од неколку нови музички изданија. Првиот од нив, синглот „Ред сафари“, е уште една соработка со пејачот и рапер Лион Д. Песната е мешавина од реге и драменбејс и одлично ја доловува атмосферата од живите настапи на Џајковски.
Текстот (Видео) Новата песна на Кирил Џајковски е во саундтрекот на „Врба“ е превземен од Reporter.mk.