Аудиоснимката која стана вирална ја открива комуникацијата помеѓу контролата на летање и пилотот на хеликоптерот во кој загинаа Коби Брајант и неговата ќерка и седум други лица.
Снимката од контролната кула открива дека пилотот бил предупреден дека лета премногу ниско.
Во околината на Лос Анџелес, каде што се случи хеликоптерката несреќа, било многу магловито и голем број хеликоптери биле приземјени.
Пилотот на хеликоптерот на Коби Брајант планирал да слета на аеродромот во Бурбанк, но кружел околу 15 минути чекајќи дозвола за слетување поради лошите временски услови.
Малку пред несреќата пилотот го дигнал хеликоптерот на повеќе д 600 метри, потоа се урнал на висина од околу 500 метри.
Податоците на летот покажуваат хеликоптерот се движел со брзина од 300 километри на час.
Хеликоптерот на Коби Брајант се урна во неделата во 10 часот по локално време над ридестиот терен во Калабасас во Калифорнија, околу 65 километри од Лос Анџелес.
RIP kobe✊❤️ pic.twitter.com/jzWEwqP7mW
— arbibi (@arbiedz) January 26, 2020
Текстот (Видео) Објавен последниот разговор помеѓу пилотот на Коби Брајант и контролата на летање е превземен од Reporter.mk.