На најголемиот филмски собир во светот, „Комик кон“ во Сан Диего, Калифорнија, вчера беше прикажан првиот трејлер за филмот „Топ ган: Маверик“, продолжението на култниот филм со Том Круз. Во трејлерот, Круз како пилотот Пит „Маверик“ Мичел управува со авионот F-18 над песочна пустина и го вози својот мотор, кадри кои потсетуваат на оригиналната приказна од 1986 година.
Во филмот глуми и Ед Харис, а во главната женска улога се појавува Џенифер Конели. Кели Мек Гилис, која играше во првиот дел, не беше повикана да се појави во продолжението, со коментар дека денес изгледа како да му е мајка на Круз. Нема да глуми ни Вал Килмер, од истата причина. Фановите, пак, коментираат дека иако поминале повеќе од 30 години, холивудската ѕвезда изгледа исто.
Иако се очекуваше филмот да се прикажува оваа година, режисерот Џон Косински најави дека премиерата ќе се случи на 26 јуни 2020 година.
Текстот (Видео) Објавен првиот трејлер за „Топ ган: Маверик“ е превземен од Reporter.mk.