Пејачката и глумица, Оливија Њутн Џон, првпат се појави во јавноста откако пред десетина дена откри дека ракот со кој се бори 15 години повторно се вратил. Таа се појави на Dance Awards & Cancer Benefit Show во Холивуд, хуманитарен концерт за болните од рак. Според американските медиуми, ги изненадила сите со позитивната енергија.
„Сакам сите да знаат, тука сум и се чувствувам одлично“, рекла Оливија на црвениот тепих пред почетокот на концертот.
На популараната Сенди од „Брилијантин“ првпат ѝ е откриен рак на дојката во 1992 година. Потоа, повторно во 2013 година. Пред само неколку дена, Њутн Џон во интервју призна дека ракот се вратил и дека е во четвртата, последна фаза од болеста. Таа тогаш рече и дека не сака да знае уште колку време ѝ останува и дека последните денови од животот ќе ги преживее најдобро што може.
На Оливија Њутн-Џон ѝ се врати ракот, пејачката се бори со најтешката фаза од болеста
Текстот (Видео) Оливија Њутн Џон насмеана, првпат во јавноста откако ѝ се врати ракот е превземен од Reporter.mk.