Хеви-метал музичарот Ози Озборн сними прва песна по речиси десет години. Баладата Under the Graveyard (Под гробиштата) ќе се најде на неговиот нов албум „Обичен човек“, што ќе излезе следната година. Специјални гости на песната се басистот на „Ганс ен роузис“ Даф Меккејган и тапанарот на „Ред хот чили пеперс“ Чад Смит.
Албумот „Обичен човек“ ќе биде 12. соло албум на 70-годишниот Озборн, кој се прослави како пејач на метал-бендот „Блек сабат“. Озборн вели дека одлучил да сними нов албум откако беше принуден да ги откаже сите концерти оваа година, додека заздравуваше од повредите од тежок пад. Тој планира да се врати на сцената следниот мај, со турнејата во Северна Америка, а во Европа би можел да настапува дури во првата половина на 2021.
Текстот (Видео) Ози Озборн сними прва песна по девет години е превземен од Reporter.mk.