Откако ги испеа „Метар дана“ и „Тамо негде“, македонскиот пејач Боби Павловски ја промовира „Самица“, третата песна на српски јазик. За „Самица“ Боби во Белград сними и спот – криминалистичка приказна во која завршува во затвор заради грабеж.
„Се надевам дека и оваа песна ќе биде прифатена од публиката како и претходните две. Овој пат имаме малку поразличен спот, всушност мини филм. И сега кога го имам пред себе финалниот производ навистина ми е драго што работев со овие момци кои дадоа поинаква нишка на целата оваа приказна. Верувам во целиот овој проект што почна со ‘Метар дана’ и драго ми е што публиката препозна колку се вложив себеси во ова“, рече Боби.
Автори на песната се Еди Рамичевиќ и Милан Раѓен, а видеото го изработи тимот на Tropical Lifeisfun.
Текстот (Видео) Пејачот Боби Павловски заврши во самица, фатен со торба пари е превземен од Reporter.mk.