(Видео) Пејачот на „Кладенец“ ја побара девојката за жена среде фестивал

Пејачот Сашо Костадиновски од триото „Кладенец“ ја побара за жена својата девојка Даниела Спасеноска откако настапи на „Лешочки фолк фест 2019“. Тој ја повика Даниела на сцената, извади прстен, клекна на колено, а таа прифати да се омажи за него.

Триото „Кладенец“ беа едни од изведувачите кои на фолк-фестивалот во Лешок изведоа свадбарски песни. Нивната песна беше насловена „Свадба најубава“, а Сашо откри дека песната е посветена на неговата свршеница и на неговиот кум.

Лешочки фолк фест 2019

Posted by Тетово Инфо on Вторник, 27 август 2019

Текстот (Видео) Пејачот на „Кладенец“ ја побара девојката за жена среде фестивал е превземен од Reporter.mk.