Поранешниот кошаркар и нов претседател на кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ, на „Инстаграм“ објави видео на кое заедно со својот најмал син игра на хит-песната „Гангам стајл“.
„Дневен тренинг со еден од моите тренери“, напиша Антиќ, а следбениците му порачаа дека е крал и дека ги насмеал до солзи.
Перо Антиќ е првиот Македонец што играл во НБА лигата, во тимот на „Атланта хокс“. Кариерата ја почна во „Работнички“, па играше во „АЕК Атина“, „Црвена ѕвезда“, „Олимпијакос“, „Фенербахче“. Кариерата ја заврши лани, во „Црвена ѕвезда“.
Антиќ е оженет со Ружица, со која има три деца.
Текстот (Видео) Перо Антиќ игра „Гангам стајл“ со синот е превземен од Reporter.mk.