14-годишната Александра Трајческа ја сними својата прва песна, „Недељно“. Младата пејачка, која јавноста ја запозна со учеството во музичкото шоу „Пинкови ѕвездички“, сама го напиша текстот за песната, на српски јазик, а музиката е на Томе Темелковски. Песната Александра ја испеа на гала вечерта на возобновениот фестивал „Мел фест“ во Прилеп.
„Музиката е мојот живот и ќе ѝ се посветам целосно. Желба ми е да се запишам во средно музичко училиште, да соработувам со Дарко Димитров, Ристо Самарџиев и да испеам песна со текст од Игор Џамбазов“, вели Александра.
Текстот (Видео) „Пиковата ѕвездичка“ сака да пее песна од Џамбазов е превземен од Reporter.mk.