(Видео) Пилотот на принцот Хари и Меган избегна судар во последен момент

Војвотката Меган Маркл и принцот Хари се најдоа во незгодна ситуација, за време на слетувањето на аеродромот во Сиднеј.

Пилотот кој го управувал авионот, во моментите додека го спуштал леталото на пистата, наеднаш решил да направи уште еден круг. Причина за тоа бил друг авион кој пребавно се движел на пистата.

Со цел да не дојде до катастрофа, пилотот на авионот во кој се наоѓале принцот Хари и војвотката Меган, на своја рака решил повторно да се крене во воздух и да направи уште еден круг.

„Уште еден авион се најде на пистата, но тој беше пребавен. Поради него не можевме да слетаме. Одлучив да го прекинам слетувањето, затоа што бевме премногу блиску“, објаснил пилотот.

Од палатата од Кенсингтон, сеуште се немаат огласено по овој настан. Веднаш по инцидентот, кралската двојка на крајот излегла од авионот со насмевки на лицето.

Текстот (Видео) Пилотот на принцот Хари и Меган избегна судар во последен момент е превземен од Reporter.mk.