(Видео) По изгубениот облог, сопругата му запеа на Тони Цетински

Тони Цетински објави на социјалните мрежи видео од сопругата Дубравка како ја пее неговата песна „Нек ти буде љубав сва“, со која пејачот ја претставуваше Хрватска на Евровизија во 1994 година и со која се рангираше на високот седмо место. Дубравка беше принудена да ја пее, по изгубениот облог со Цетински.

„И така драга кога понекогаш ќе посакаш да се обложиш, подготви се и да изгубиш. Сега ти пеј ми мене малку“, напишал Тони под видеото.

Дубравка на сметка на својот глас доби голем број пофални коментари од нивните обожаватели.

„Добра си со пеењето“, „Слободно можеш да му се приклучиш како пратечки вокал“, „Можеби Тони треба да ти плати хонорар“, беа само некои од коментарите на фановите.

Тони Цетински и Дубравка, која е магистер по економија, се венчале на почетокот на 2014 година, по осумесечна врска. Во една пригода пејачот изјавил дека во бракот ужива како никогаш претходно во животот.

Двајцата направиле свадбена прослава во родното место на Дубравка, Винковци.

„Не сум многу љубоморен. Можеби малку. Но, нормално е да бидеш љубморен кога Дубравка е толку згодна и млада. Сличностите се тие што се привлекуваат, а не различностите, како што мислев претходно. Различноста може само да нè заинтригира“, изјавил Тони Цетински.

 

 

Текстот (Видео) По изгубениот облог, сопругата му запеа на Тони Цетински е превземен од Reporter.mk.