Пет години откако ја промовираа песната „Запознај ме“, рок-бендот „Ареа“ има нова песна, „Зрак“. За песната со електронски звук, музиката и аранжманот ги направи Ивица Брчиоски, а текстот е на Ружица Милошеска Брчиоска. „Ареа“ сними и видео за песната на неколку локации низ Македонија. Режисер на спотот е Кристијан Шемко.
Песната „Зрак“ ќе се најде на новиот албум на „Ареа“.
Текстот (Видео) По пет години „Ареа“ има нова песна е превземен од Reporter.mk.