(Видео) По секс-скандалот и Македонецот Огнен си го доби од Карлеуша

Македонскиот пејач Огнен Здравкоски настапи прв во вториот круг на шоуто „Ѕвездите на Гранд“. Тој ги испеа песните „Као моја мати“ од Здравко Чолиќ и „Онај ко те љуби сретан је“ од Тони Цетински и доби 5 гласа од жирито па директно влезе во вториот круг. Но, Огнен доби и критики за неговото пеење, најмногу од Јелена Карлеуша.

„Ти си ми многу симпатичен. Многу слатко момче си. Имам да ти кажам две работи. Прво, ги знам сите кандидати на Марија и мислам дека си од полошите. Второ, ти никогаш нема да бидеш ѕвезда. Немој да се лутиш. Сладок си, многу добро пееш“, му рече Карлеуша.

Пејачката на снимањето на првата емисија дошла нервозна и нерасположена, цело време била негатвина и не им дала глас на повеќето кандидати. На крајот се скарала со Саша Поповиќ, кој ѝ се заканил дека ќе ја прекине соработката со неа „ако не се прибере“.

Ментор на Огнен е Марија Шерифовиќ, па според новите правила во шоуто, менторите не смеат да гласаат за своите кандидати. Сите пејачи што ќе добијат 5 или 6 гласа ќе одат директно во следниот круг, тие со 3 или 4 гласа ќе бидат ставени на листа на чекање дали ќе се пласираат понатаму, а пејачите што имаат од 0 до 2 гласа веднаш ќе испаднат од шоуто.

Карлеуша нервозна, секс скандалот стана проблем во „Гранд“

 

Текстот (Видео) По секс-скандалот и Македонецот Огнен си го доби од Карлеуша е превземен од Reporter.mk.