Патниците кои во петокот беа на њујоршката станица „Гранд централ“ на Менхетен го слушаа во живо концертот на еден од основачите на легендарните „Битлси“, Пол Макартни.
Концертот можеше да се следи и преку интернет, а патниците на станицата можеа само да го слушаат Макартни како во живо ги изведува песните, без да го видат. Музичарот настапуваше зад голема црна завеса, а само избрани гости можеа да присуствуваат во одвоениот дел. Меѓу гостите имаше многу познати личности како Џон Бон Џови, Мерил Стрип, Кејт Мос, Шон Ленон и други.
На станицата Гранд сентрал 76-годишниот Макартни изведе 24 песни, кои ги сними во текот на неговата 50-годишна кариера.
Текстот (Видео) Пол Макартни одржа концерт во метро станица во Њујорк е превземен од Reporter.mk.