(Видео) Познатите ќе гласаат ЗА на референдумот

Во пресрет на референдумот на 30 септември , за влез во Европската унија и Нато со прифаќање на договорот со Грција, голем број на уметници, режисери, спортисти, актери, пејачи и доктори јавно кажаа дека ќе гласаат ЗА. Шенка Колозова, Милчо Минчевски, Викторија Лоба, Наумче Мојсовски се само дел од јавните личности кои се појавија во кампањата за поддршка на референдум.

„Можам да бидам преотив оваа влада. Можам да бидам против онаа влада. Можам да бидам против секоја влада. Но против својата земја, не можам. Не сакам и нема да бидам. Затоа ќе гласам ЗА. Зошто? За подобра иднина на сите нас“, вели актерката Шенка Колозова.

Немам ни трошка сомнеже дека ова е најголемата шанса за Македонија да стане силна и сериозна држава. Затоа на референдумот ќе излезам и гласам ЗА. За Европска Македонија“, вели пејчакта Викторија Лоба.

 

Текстот (Видео) Познатите ќе гласаат ЗА на референдумот е превземен од Reporter.mk.