Танчерот Мајкл Дамески, кого светската јавност го запозна преку шоуто World of Dance, во 2007 година настапи на детскиот фестивал „Златно славејче“. Тогаш 12-годишниот Мајкл ја испеа песната „Еден танц“. Снимката од неговиот настап деновиве се споделува на социјалните мрежи.
22-годишниот Мајкл е роден во Сиднеј, а по потекло е Македонец. Неговите родители се од Прилеп, но се преселиле во Австралија пред неговото раѓање. Мајкл е танчер и актер. Настапувал во неколку мјузикли, меѓу кои и популарниот „Били Елиот.
Претходните недели Мајкл се натпреваруваше во танц-шоуто на Џенифер Лопез и во финалето го освои второто место. „Можеби не освоив милион долари, но освоив милион срца“, напиша тој на својот „Инстаграм“ по завршувањето на натпреварот.
Текстот (Видео) Пред настапот во шоуто на Џенифер Лопез, Мајкл Дамески пеел на „Златно славејче“ е превземен од Reporter.mk.