Од 31. октомври во кино салите ќе се најде филмот „Терминатор: Мрачна судбина“, кој претставува, како што авторите најавуваат, продолжување на вториот дел од филмот од 1991. година и кој повторно ќе ја собере старата, екипа – Арнолд Шварценегер во улогата на Терминатор и Линда Хамилтон во улогата на Сара Конор.
Освен актерската екипа позната по приказната за роботот, после скоро 30. години се враќа и Џејмс Камерон, филмаџија од кого се’ започнало. Овојпат само во улога на сценарист. Неговите филмови, првиот „Терминатор“ од 1984. година и уште попознатиот втор дел на „Термиантор 2 Суден ден“, кој го режирал одбележале крај на една ера.
Иако направил пауза во креирањето на Терминатор и франшизата им ја препуштил на други филмски работници, според зборовите на актерите, за ова шесто продолжение на филмот Камерон бил многу заинтересиран и вклучен:„Знаете дека Терминатор е неговото ‘бебе’ и многу е присутен на снимањето“, рекол во едно интервју Арнолд Шварценегер.
Ова последно продолжување на приказната за Терминатор го снимал студиото на 20th Century Fox а режисерската палка му ја препуштил на Том Милер („Дедпул“), а во останатите улоги се нашле и глумците Натали Рејес, Габриел Луна, Дијего Бонета, Мекензи Дејвис и други.
Текстот (ВИДЕО) Пристигнува новиот „Терминатор“ со старата екипа е превземен од Reporter.mk.