Диџејот и продуцент Томи Тасев и оперската пејачка Полина го снимија првиот заеднички дует за песната Broken. Томи е комплетен автор на песната која е на англиски јазик. За „Репортер“ тие раскажаа за нивната соработка.
„Ова е моја прва песна и спот во соработка со Полина. Отсекогаш сум сакал да направам светски звук и да изградам свој стил по кој ќе ме препознаваат. Сакам да работам со светскиот пазар и да се доближам до тоа ниво. Првичната идеја појде од текстот што го напишав на англиски јазик, а потоа дојдовме до целосната Broken“, вели Томи
Полина иако е оперска пејачка ја сака поп, рок, џез и алтернативната музика.
„Отсекогаш сум ги препевала песните по мој вкус. Операта е мојата љубов и активно работам, имам настапиСо Томи се споивме по братучедска линија, а и двајцата сме по потекло од музички семејства. Томи ја сподели идејата со мене и си дадовме збор дека ќе направиме нешто, најдобро што можеме во моментот“, ни рече Полина.
Текстот (Видео) Прв дует на Полина и Томи Тасев е превземен од Reporter.mk.