(Видео) Првата снимка од Хоакин Феникс во улогата на Џокер

Актерот Хит Леџер почина на 22 јануари 2008 година, а во јули 2017 година, филмот „Мрачниот витез“ (The Dark Knight) наполни 10 години.

Цела една деценија подоцна режисерот и продуцентите сметаат дека дојде време за новото остварување и новиот лик кој ќе го глуми и претстави Џокер. Сега во малку поинаков облик. Режисерот Тод Филипс ги промеша картите, па за новиот Џокер одлучи да го ангажира актерот Хоакин Феникс, познат по и како „чудо на Холивуд“, пред се поради мирниот живот и малиот број на скандали.

На социјалните мрежи се појави и кратко видео и првата снимка од Хоакин Финикс во улогата на Џокер.

 

View this post on Instagram

 

Camera test (w/ sound). Joker.

A post shared by Todd Phillips (@toddphillips1) on

Покојниот Хил Леџер покрај улогата на Џокер, зад себе остави филмови по кои публиката засекогаш ќе го памети. „Планината Броукбек“ и „Казанова“ се само некои од нив.

Хит бил зависник од наркотици и алкохол, поради што неговата најголема љубов, актерката Мишел Вилијамс го остави во 2007 година.

Мишел и Хит се запознаа во 2004 година, а во 2005 година ја добија ќерката Матилда. Но, во јавноста се зборува дека Мишел не можела да го поднесе притисокот, а токму нејзиното заминување го докрајчило славниот актер.

Неколку години подоцна, откриени се дневниците на Хит, во кои имало цртежи, фотографии од кловнови и исечоци од стрипови, додека на крајот само напишал збогум.

Инаку „Темниот витез“ е објавен неколку месеци по смртта на актерот, а за улогата на Џокер во истиот постхумно доби и Оскар.

 

 

Текстот (Видео) Првата снимка од Хоакин Феникс во улогата на Џокер е превземен од Reporter.mk.