(Видео) Раде Шербеџија шеширот го добил од Мирослав Крлежа

Хрватскиот глумачки бард Раде Шербеџија, во едно од неговите последни јавувања на социјалните мрежи, од местото каде што се наоѓа во изолација, откри дека, сивиот шешир кој постојано го носи на себе, го добил од познатиот хрватски книжевник и писател, Мирослав Крлежа.

Шербеџија се потсети како неговото име се најде во тестаментот на славниот книжевник. Тој се потсети, како додека една вечер седеле и пиеле француски коњак, Крлежа му се пожалил дека набрзо ќе умре. Тој го замолил Шербеџија да му каже, што сака да му остави во тестаментот.

„Оставете ми го вашиот сив шешир. Кога ќе умрете понекогаш да се прошетам низ плоштадот Република“, му кажал Шербеџија на Крлежа, кој пак му удоволл на глумецот и во тестаментот, под реден број 5, му го оставил на глумецот, толку посакуваниот шешир.

Во екот на карантинот, Шербеџија ги изненади своите фанови со пораките кои ги упатува преку социјалните мрежи и секојдневните јавувања во живо, секоја вечер. Тамошните медиуми пренесуваат дека тоа му станало во навика и дека Шербеџија се заљубил во ваквиот начин на комуникација, кој досега целосно го игнорирал.

Досега Шербеџија веќе има направено повеќе од триесет јавувања, што во живо, што снимени, во кои обично изведува поезија на други автори, прераскажува анегдоти од неговиот богат живот и изведува домашен театар во време кога театрите се затворени.

Текстот (Видео) Раде Шербеџија шеширот го добил од Мирослав Крлежа е превземен од Reporter.mk.