Британскиот пејач Роби Вилијамс, кој пред затворањето на границите бил во Австралија и помина три недели во карантин, денес првпат ги виде своите деца. Тој по 21 ден во изолација се врати дома, каде што го пречекаа сопругата Ајда, ќерката Теодора и синот Чарлтон.
Видеото од нивната средба, Ајда го објави на социјалните мрежи.
Инаку, популарниот пејач е тестиран за коронавирус, а неговиот тест е негативен.
Текстот (Видео) Роби Вилијамс ги виде децата по 21 ден во карантин е превземен од Reporter.mk.