(Видео) Роналдо и Буфон во Албанија се дружеа со децата што скокнаа од балкон за да се спасат од земјотресот

Фудбалските ѕвезди Кристијано Роналдо и Џанлуиџи Буфон од „Јувентус“, вчера беа во Тирана за да се запознаат со Аурелин и Алесон, двете момчиња што го преживеаја земјотресот во Албанија, откако скокнаа од балкон за да се спасат. Тие добија дресови од познатиот фудбалер и голман и се сликаа со нив. Видеото од средбата на „Фејсбук“ го објави премиерот на Албанија, Еди Рама.

Двете деца по земјотресот беа пренесени во болница, од каде се пуштени на лекување, а бидејќи нивниот дом е разрушен, сега живеат во хотел.

За потсетување, во земјотресот што пред десетина дена се случи во Албанија, загинаа 50 луѓе, а преку 2.000 беа повредени.

#TiNukDoJeshKurrëVetëm😢👐🏿🇦🇱Një surprizë për Aurelin dhe Alesjon, dy fëmijët që fluturuan nga dritaret e pallatit të tragjedisë në Thumanë, e që pasi lanë spitalin duhet të rifillojnë rrugën e jetës, që u’a urojmë të gjatë, me shëndet e gëzime❤🙏❤https://e-albania.al/dhuro/

Posted by Edi Rama on Петок, 06 декември 2019

Текстот (Видео) Роналдо и Буфон во Албанија се дружеа со децата што скокнаа од балкон за да се спасат од земјотресот е превземен од Reporter.mk.