(Видео) Роналдо и во карантин, не прекина со тренинзите

Кристијано Роналдо и додека е во карантин, не прекина со треннзите, пренесуваат светските спортски медиуми. Тој минатата недела се врати од своето родно место во Португалија, во Торино, каде ќе продолжи со тренинзите и планираниот завршеток на сезоната со Јувентус во Серија А.

Роналдо вели дека не му се потребни подготовки. Португалската ѕвезда е позната по тоа што води грижа за своето тело, а така беше и додека остана во карантин во неговиот роден крај. Тој вежбаше со неговата девојка Георгина, но и со своите деца.

За да покаже дека е подготвен за новите предизвици, Роналдо позираше на скалите облечен само во боксерки и ги покажа мускулите. Во Италија и понатаму се тренира индивидуално. Од понеделник е во план да се тренира во поголеми групи, но, не сите клубови се радуваат на тоа, поради логистичките проблеми.

Ако дозволи епидемиолошката ситуација и цивилните власти, првенството би можело да продолжи на 12. јуни. До крајот останаа уште 12. кола, а Јувентус е со бод предност во однос на Лацио и девет пред Интер, кој има и натпревар помалку.

Текстот (Видео) Роналдо и во карантин, не прекина со тренинзите е превземен од Reporter.mk.