Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, еден од најплатените спортисти во светот, сними необична реклама која стана предмет на потсмев. Португалецот во Јувентус зема 31 милиони евра годишно, заработува пари и од неговиот бренд, но исто така работи и со големи компании што ги рекламира. Можеби затоа и ги збуни луѓето откако се појави во реклама за азиска платформа за трговија преку интернет.
Фудбалерот за оваа потреба сними и прилично необично видео, во кое на крајот танцува во мелодијата
на детската песна „Baby Shark“.
Бројни обожаватели на социјалните мрежи не го прифатија најдобро ова видео, а за многумина тоа е
„една од најлошите реклами досега“.
Probably the worst video on the internet?pic.twitter.com/f2FRb5tqKs
— BSN (@BallStreet) August 16, 2019
Текстот (Видео) Роналдо во најлоша реклама досега е превземен од Reporter.mk.