Милена Јовановска, самохрана мајка од Прилеп, го разнежни жирито во емисијата „Никогаш не е доцна“. Таа ја испеа песната „Додири од стакла“ од Нина Бадриќ и доби комплименти за пеењето од сите членови на жирито, но најмногу од Ацо Пејовиќ, кој ѝ рече дека додека пеела ги чувствувал нејзината емоција и енергија.
„Се гледа дека секој стих од песната ти е преживеан, тоа се чувствува во твоето пеење“, ѝ рече Весна Дедиќ.
Во ревијалниот дел Милена со својата мајка Горица ја испеа народната песна „Море сокол пие“.
Милена има 11-годишен син. Таа откри дека таткото никогаш не сакал да го признае момчето. „Сега не ни мора“, рече таа во шоуто.
Јовановска е невработена иако има диплома на просветен работник.
„Аплицирав на многу места, ама институциите се неми за тоа што сум самохрана мајка и немам работа. Шоуто ми го промени животот на подобро, па дури и ако не победам, ќе имам само убави искуства и спомени од сето ова“, додаде таа.
Милена настапи прва во емисијата, нејзиниот настап почнува на 6:57.
Текстот (Видео) Самохрана мајка од Прилеп разнежни во „Никогаш не е доцна“ е превземен од Reporter.mk.