Приватниот авион на светската музичка ѕвезда Пинк се урнал ноќеска додека слетувал на аеродромот Архус во Данска, пренесува „Метро“. Во него биле членовите на екипажот и менаџерот на пејачката, но Пинк не била во авионот. Никој не е повреден во несреќата.
На видеото што е објавено на „Јутјуб“ се гледа како пожарникарите брзаат кон местото на несреќата за да го изгасат пожарот и да им помогнат на патниците. Според данските медиуми, приватната Цесна 560XL летала од Норвешка. Авионот почнал да гори неколку минути пред слетувањето. Благодарение на пилотите, патниците имале среќа и никој од десетмината луѓе во авионот не е повреден.
Инаку, Пинк ќе одржи концерт на стадионот Каса Арена во Данка утре (7 август). Таа засега не се огласи во јавноста по повод несреќата.
Текстот (Видео) Се сруши приватниот авион на Пинк е превземен од Reporter.mk.