Латино ѕвездите Шакира и Џенифер Лопез на полувремето на „Супер боул“ направија шоу за кое фановите велат дека е подобро и од она на Бијонсе или на Лејди Гага.
Шоуто почна со настапот на Шакира (43) која ги испеа She Wolf, Еmpire, Whenever, Wherever, Chantaje и Hips Don’t Lie, а потоа на свената излезе Џеј Ло (50), која настапи со хитовите Jenny From The Block, Ain’t It Funny, Get Right, Waiting For Tonight, Love Don’t Cost A Thing, Mi Gente. На сцената со Џенифер се појави и нејзината 11-годишна ќерка, која во придружба на детски хор ја отпеа песнатa Let’s Get Loud.
Популарните пејачки неколку пати се пресоблекоа во текот на 15-минутното шоу. Лопез носеше модели од „Версаче“, а костимите на Шакира ги направи брендот „Дандас“.
Двете имаа одлични кореографии и настапи кои бараат многу енергија и кондиција, па фановите не штедеа коментари дека пејачките делуваат како да не стареат. „Ако Шакира на 43 и Џенифер на 50 имаат ваква енергија, ние треба засекогаш да молчиме“, „Неверојатно е колку добро изгледаат“, „Ова е најдоброто не-Бијонсе шоу некогаш“.
Лопез и Шакира настапот го завршија со нумерата „Waka waka“.
Текстот (Видео) Секси шоу на Шакира и Џенифер Лопез на „Супер боул“ е превземен од Reporter.mk.