(Видео) Серена и Амал ѝ приредија забава на Меган за бебето

Војвотката Меган Маркл отпатувала во Њујорк каде што нејзини пријателки ѝ ја направија популарната забава „бејби шауер“. Станува збор за забава која пријателките на Меган ја организирале пред раѓањето на бебето. Ваквиот тип забави особено се популарни во Америка. Меѓу 15 пријателки биле и Серена Вилијамс и Амал Клуни.

„Дејли мејл“ пишува дека кралското семејство било против ваквата идеја и покрај желбата на Меган. Весникот пишува дека Меган тајно заминала во Америка, а со себе го имала само потесното обезбедување.

И покрај обидите на војвотката никој да не знае дека е во Америка, папараците успеале да ја снимат на аеродромот додека се обидела да се сокрие со црниот капут со потпис на Викторија Бекам, капата и косата.

Британските медиуми пишуваат дека Меган во Њуројк заминала еден ден по Денот на вљубените, кој го минала со својот сопруг принцот Хари. Забавата се случила во хотел во Њујорк.

Меган патувањето го искористила и за шопинг, а нејзините пријатели велат дека ова за неа била идеална можност да биде во омилениот град со нејзините сакани, пред да се породи.

Текстот (Видео) Серена и Амал ѝ приредија забава на Меган за бебето е превземен од Reporter.mk.