(Видео) „Северина чисти по дома“, се фали Кеба по социјалните мрежи

Свекрвата на Северина, Олја објави видео на социјалните мрежи од хрватската пејачка, како го чисти нивниот дом во Белград додека се во изолација од коронавирусот. Северина ги дезинфицираше и исчисти сите места од  прекинувачите за светло до рачките на кујнските елементи.

„Кој вели дека не е вредна?“, се слуша Кеба во видеото.

Северина и Игор во моментов се во изолација во семејната вила заедно со пејачот Драган Којиќ Кеба и неговата сопруга Олја. Тие живеат во 330 квадрати во елитниот дел на градот, а нивни први соседи се Лепа Брена и директорот на „Гранд“ продукција Саша Поповиќ.

Северина и Кеба во саботата имаа лајв концерт на својот „Инстаграм“ профил. Тие изведоа некои од своите хитови, а за крај Северина им порача на сите да се чуваат и да останат дома.

„Ве молам носете маски и ракавици, не излегувајте од дома. Имате повеќе време сега за своите блиски. Јас сум во кругот на моето семејство. Ако ги нема нив, не знам како сето ова би го извела“, порача Северина.

 

View this post on Instagram

 

Seve čisti u Kebinoj vili #severina #srbijavip

A post shared by Srb VIP (@srbija.v.i.p) on

Текстот (Видео) „Северина чисти по дома“, се фали Кеба по социјалните мрежи е превземен од Reporter.mk.