(Видео) Северина сними дует со 5-годишно дете

Хрватската поп-ѕвезда Северина го промовира спотот за новата песна „Туториал“ во која ѝ гостува 5-годишниот Љуба Станковиќ. Љуба е еден од годинашните учесници на музичкото шоу „Пинкови ѕвездички“ и меѓу фаворитите на публиката, ама и на жирито на шоуто.

„Не можев да го изнаслушам. Тој пее совршено, а е само дете“, рекла Северина за хрватските медиуми.

Песната е на Јала Брат и Буба Корели, а режисер на спотот е Роберт Пашиќ.