(Видео) Шакира среде концерт го расплака својот татко

На концертот во Калифорнија, 41-годишната Шакира со порака и песна му го честиташе роденденот на својот татко Вилијам кој седеше во публиката покрај нејзините две синчиња.

„Денес е 87-миот роденден на мојот татко. Среќен роденден тато! Му благодарам на Бог што беше покрај мене сите овие години и што сè уште си, поддржувајќи ме во мојата кариера и во животот, што ми даваше совети и ми подаваше рака. Те сакам многу татичко“ – рече  музичката ѕвезда по што му ја запеа „Happy Birthday“.

 

View this post on Instagram

Gracias para cantar conmigo y celebrar! Shak

A post shared by Shakira (@shakira) on

Текстот (Видео) Шакира среде концерт го расплака својот татко е превземен од Reporter.mk.