(Видео) Шерил Кол ја прашала Викторија Бекам дали сака да ѝ позира гола

Познатиот американски водител Мајкл Мекинтајер, во рамки на играта во неговата емисија „Испрати порака на сите“, ја натерал неговата гостинака пејачката Шерил Кол, да им испрати порака на сите нејзини пријатели.

Во пораката таа требало да ги праша своите пријатели дали би сакале да позираат за неа голи.

„Здраво бејби. Држам приватни часови по уметност, а мојата домашна задача оваа недела е цртање. Дали би поминала кај мене ѝ би позирала гола за мене?“, гласела пораката која Шерил ѝ ја испратила на Викторија.

„Пардон“, ѝ одговорила поранешната членка на британската музичка група „Спајс Грлс“.

Шерил посрамотена во емисијата на Мекинтајер се фатила за глава за да го скрие своето зацрвенето лице.

 

Текстот (Видео) Шерил Кол ја прашала Викторија Бекам дали сака да ѝ позира гола е превземен од Reporter.mk.