Хрватската поп-ѕвезда Северина вчеравечер одржа концерт во Охрид. Пред македонската публика таа направи вистинско шоу што траеше повеќе од два часа. Од нив, пак, доби позитивни коментари и за концертот, ама и за изгледот. Тие не штедеа комплимнти ни за нејзиниот изглед, оти пејачката на сцената излезе облечена во бел корсет и каубојски чизми на висока потпетица. Северина се забавуваше на сцената заедно со сите што дојдоа на нејзиниот концерт, ги пееше своите најголеми хитови, играше без престан. Отпеа и неколку македонски песни „Македонско девојче“, „Битола мој роден крај“, Јовано, Јованке“… Во чест на Тоше ја испеа неговата „Игри без граници“.
„Сакам да испеам песна за еден посебен човек. Иако се познававме, не бевме толку добри пријатели. Но погледнете во небото и Тоше ќе знае дека сме тука,“ рече Северина на концертот.
Публиката, пак, пееше со неа во цел глас, без разлика дали беше тоа некоја од првите песни или последниот хит „Туторијал“ што го промовираше пред неполн месец.
Северина во Охрид пристигна вчера, неколку часа пред концертот, со приватен авион. Заедно со неа дојде и сопругот Игор Којиќ.
Текстот (Видео) Шоу на Северина во Охрид со македонски песни е превземен од Reporter.mk.