Принцезата Леонор (13) ќерка на шпанскиот крал Филип VI и кралицата Летиција, го одржа својот прв јавен говор. Леонор им се обрати на присутните на обележувањето на 40 години од донесувањето на шпанскиот устав.
Истиот ден Леонор го прослави и својот роденден. Принцезата која еден ден ќе го наследи својот татко и ќе владее со Шпанија, често го привлекува вниманието во јавноста.
За овој настан младата принцеза се појавила во син фустан и црни чевли од дизајнерката Мари Џејн. Присутните зборуваат дека била добро расположена и насмеана, а нејзиното читање било беспрекорно.
Нејзиниот татко кралот Филип VI бил постојано покрај неа, а мајка ѝ кралицата Летиција и нејзината сестра, принцезата Софија, гордо ја бодреле од првиот ред.
Текстот (Видео) Шпанската принцеза Леонор го одржа својот прв јавен говор е превземен од Reporter.mk.