Сопругот на српската тенисерка Ана Ивановиќ, Бастијан Швајнштајгер, во најновото видео за реклама на велосипеди целосно го променил својот имиџ.
Поранешниот фудбалер во рекламата се појавува со долга коса и неуредена брада. Фановите пишуваат дека повеќе не можеле да го препознаат ниту по насмевката која е негов заштитен знак.
Сепак, Швајни вели дека во прашање е само кратка трансформација и дека не станува збор за негов траен изглед. Поранешниот играч го објави видеото од рекламата на социјалните мрежи и вели дека успеал да го постигне посакуваниот публицитет.
Швајни и Ана велат дека се лица кои не сакаат премногу да експериментираат кога станува збор за својот изглед.
Текстот (Видео) Швајнштајгер со долга коса и брада, фудбалерот сними нова реклама е превземен од Reporter.mk.