Пејачката Сиа е снимена во маркет како им ги плаќа сметките на сите купувачи за време на Денот на благодарноста. Таа е позната по тоа што го крие својот лик со перика и никој од минувачите не можел да ја познае. Таа се претставила како Сиси и им кажала дека има добиено на лото.
Сиа била разоткриена од нејзината обожавателка, која ја снимила со својот мобилен телефон, а подоцна видеото го објавила на социјалните мрежи.
„Сиа плати за моите намирници денес, благодарам многу! Имаш прекрасна душа и срце. Извини што открив на сите која си, но, ваквата добрина мора да добие признание“, напишала таа.
So @Sia paid for my groceries today thank you so much!! The heart and beautiful soul you have for paying for everyone!! I’m sorry for telling everyone once I realized who you were !! But this kindness must be acknowledged!!! pic.twitter.com/p7CMvBBQyP
— Adri Buckles (@mexican_locaaa) November 28, 2019
Текстот (Видео) Сиа им ги плати сметките на сите купувачи во маркет е превземен од Reporter.mk.