(Видео) Силвестер Сталоне со седа коса, веќе не сака да се подмладува

Холивудската ѕвезда Силвестер Сталоне (73) на „Инстаграм“ објави видео на кое е со седа коса и брада. Тој во видеото вели дека му е доста од подмладување и бојосување на косата, па дека отсега ќе биде природен.

„Некогаш се будам и не сакам да правам ништо. Ако некој каже поинаку, лаже. Тоа е природна работа. Потоа малку се лутиш на себе и сфаќаш дека нема ништо додека не ставиш депозит во банката на резултати. Мојата омилена фраза е ‘продолжи да удираш’. Време да да го прифатам својот природен изглед“, напишал Сталоне во видеото каде удира со тупаница.

„Не е лесно да живееш со голема слава. Горди сме на тебе со сребрена коса“, му коментираа обожавателите.

Сталоне до неодамна имаше црна коса и се подмладуваше, а сега вели дека тоа ќе го прави само ако мора за некоја улога.

Текстот (Видео) Силвестер Сталоне со седа коса, веќе не сака да се подмладува е превземен од Reporter.mk.