Поп-пејачката Симона Попоска ја препеа хит-песната на Марија Шерифовиќ, „Паметна и луда“. Ова не е прв кавер на Симона, која досега направи преработки на неколку странски хитови.
„Песната од Марија ми е една од омилените. Тоа е прв хит од овие простори што решив да го препеам. Песната во мене буди посебна емоција, па решив да ја донесам на мој начин“, вели Симона.
„Паметна и луда“ е снимена во соработка со Драган Ристовски, а е најава за следните проекти на Симона.
„Нема да запрам тука. Наскоро ќе има уште интересни проекти, кавери, но и соработки во кои искрено верувам“, додава Симона.
Пејачката неодамна настапи на „Макфест“ со песната „Остани“, дело на авторите Горјан Стојановски, Елвир Мекиќ, Иван Јованов и Андреј Иваноски. Таа е активна и со своирки низ државата со дуото „Саунд месинџерс“, каде што настапува со диџеј Ерик Фокс.
Текстот (Видео) Симона Поповска ја преработи „Паметна и луда“ од Шерифовиќ е превземен од Reporter.mk.