Со сирени, факели, бродови, авиони, вчера од Сплит беше испратен Оливер Драгојевиќ, кој за последен пат тргна од Сплит до неговата Вела Лука на Корчула. Солзи, песните на Оливер, аплауз за познатиот „морски волк“. Емоции. Откако катамаранот заплови кон Корчула, по него тргнаа стотина мали бротчиња, кои го следеа до неговото родно место.
„Она што особено ми се допаѓа е оваа слика тука вечерва. Сплит го направи тоа. Сплит му се поклони на Оливер ”, рече Никша Братош. Катамаранот вечерта во 22 часот стаса во Вела Лука, каде го пречекаа илјадници негови сограѓани. Погребот на Оливер е денес во 18 часот на гробиштата во Вела Лука.
Видеото гледајте го тука
Текстот (Видео) Сирени, факели, бродови, авиони – Оливер за последен пат исплови од Сплит за Вела Лука е превземен од Reporter.mk.