Пејачката Антониа Гиговска синоќа успеа да ја воодушеви публиката и жирито во „Пинкови ѕвездички“, изведувајќи го хитот Writing’s on the wall, песна која во оригинал ја изведува англискиот пејач Сем Смит.
Милан Станковиќ, Кристина Коцкар и Гоца Тржан, веднаш ги подигнаа своите црвени столици, а недолго потоа ги нив ги следеа и нивните колеги Леонтина Вукомановиќ и Наташа Беквалац.
„Убива оваа малава. Браво бе дете“, изјавила Гоца Тржан по настапот на Антониа.
Пејачката по својот настап од публиката и жирито доби голем аплауз, а Милан и Кија за време на аплаузт скокале на нозе и плескале. Антониа малку фалеше да ги пушти солзите радосници.
„Ти со својата енергија и став на сцената ги исполни сите. Тоа е суштината на пејачот. Ти си формиран пејач, формирана девојка. Тоа е еден од твоите огромни квалитети“, изјавила Тржан.
„Твоето животно определување е да бидеш шампион. Доби дар, а сега движи се само напред“, изјавил Милан.
„Мене ми беше чест што можев само да те слушам“, кратко прокоментирала Кија.
Текстот (Видео) Сите во транс поради Антониа Гиговска е превземен од Reporter.mk.