Четири девојчиња од хорот на „Златно славејче“ ја напишаа и снимија песната „Недостигаш“ и му ја посветија на пејачот Влатко Илиевски, кој почина минатото лето. Тој десет години беше водител на детскиот фестивал „Златно славејче“. Елена Георгиевска, Матеа Илиева, Викторија Ефтимова и Анастасија Илиевска сами ги напишаа музиката и текстот за песната, а аранжманот и продукцијата се на Валентино Скендеровски.
„Секогаш твоето име ќе го величиме и засекогаш ќе остане врежано во нашите срца. Со тебе пораснавме, се дружевме, а сега те нема. Ќе се потрудиме да го зачуваме твоето дело и никогаш да не бидеш заборавен. Работевме со многу труд, имавме голем мотив. Знаеме дека нашиот другар Влатко ќе биде горд на нас. Добивме голема поддршка од продуцентот Валентино Скендеровски и што е најважно – добивме поддршка од семејството Илиевски. Голема благодарност до сите што ни помогнаа да ја пренесеме нашата порака“, напишаа тие.
Влатко Илиевски почина на 33 години, на 6 јули 2018 година.
Текстот (Видео) „Славејчињата“ не можат да го преболат Влатко, му посветија песна е превземен од Reporter.mk.