Српските медиумите дојдоа до снимки од вчерашниот напад на куќата на фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Непознати лица вчера околу 6:45 минути со два автомобили „мини купер“ и еден караван удирале во капијата на куќата на Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Тие наизменично удирале во капијата, а потоа побегнале во правец на српската населба Автокоманда.
Инцидентот веднаш бил пријавен во полиција, а надлежните интезивно трагаат по напаѓачите.
Текстот (Видео) Снимка од нападот на домот на Цеца е превземен од Reporter.mk.