Едно лице од британското кралско обезбедување, удрил во Ајрин Мејор осумдесет и тригодишна старица, додека ги придружувал принцот Вилијам и Кејт Мидлтон на свеченост во замокот „Виндзор“.
Жената која се здобила со тешки телесни повреди, меѓу кои и скршеница на карлицата, веднаш била хоспитализирана и однесена во најблиската болница.
Несреќата се случила во понеделникот во 12:50 часот, во местото Ист Шин во Ричмонд, а сведоците велат дека полицаецот на мотор кој ги придружувал Кејт и Вилијам, преминал во спротивната лента, пишува „Дејли Мејл“.
„Тој удри со својот мотор во бабата и таа падна на земја. Од неговото лице можеше да се види дека беше очаен. Но, беше на погрешната страна на патот. Можеше да заврши и полошо“, изјавил сведок за „Сан“.
Кејт и Вилијам не го виделе ударот, вели извор од кралското семејство. Тие продолжија во рамки на стандардната полициска процедура, која важи за кралскиот конвој во случај на незгода.
Несреќата ја истражиле од Независната канцеларија за однесување на полицијата, а од Скотланд Јард синоќа соопштиле дека старицата е хоспитализирана и дека е во критична состојба.
Сеуште не е јасно дали старицата повредите ги добила од ударот на моторот или падот на земјата. Мејор е вдовица која била посветена на добротворните работи во локалната црква. Нејзината ќерка вели дека претрпела многу повреди, но во моментов е во стабилна состојба.
Портпаролот на кралската двојка, изјавил дека Кејт и Хари биле длабоко загрижени и жалат за несреќата и дека се во контакт со семејството на жртвата. Двајцата испратиле цвеќе и изразиле желба да ја посетат старицата кога таа ќе биде подготвена.
Текстот (Видео) Со мотор прегази баба додека ги придржуваше Кејт и Вилијам е превземен од Reporter.mk.