Меган Маркел (37) присуствуваше на доделувањето на модни награди во Лондон The Fashion Awards 2018. Таа не беше најавена како гостинка, па кога се појави беше изненадување за присутните. На настанот се појави поради дизајнерката во модната куќа „Живанши“, Клер Вајт Келер, која ѝ ја дизнајнираше венчаницата за нејзината свадба со принцот Хари.
Меган ѝ ја врачи наградата на Клер за најдобра дизајнерка на годината и се расплака поради нејзиниот говор.
Ова беше прв јавен настап на Меган откако е во поодмината бременост. Странските медиуми пишуваат дека Меган повторно го прекршила кралскиот протокол затоа што носела темен лак, што кралицата строго забранува. Среќната вест дека Меган е бремена, кралското семејство ја објави на 16 октомври.
Текстот (Видео) Со насолзени очи Меган на доделувањето на модните награди во Лондон е превземен од Reporter.mk.