(Видео) Со нова песна триото „Чикс“ го најави првиот албум

Девојките од триото „Чикс“, Наталија Мејанџиева, Моника Ѓорѓиева и Сандра Јорданова, го промовираа спотот за нивната трета авторска песна Travelers. Ова е прва песна од нивниот деби албум што треба да излезе наскоро. Музиката и аранжманот за песната ги направи Александар Чекреџи – Чекре, а „Чикс“ го напишаа текстот. Продуцент е Александар Ристовски – Принц. Видеото за песната го режираше Иво Иванов.

„Во ова време кога сите сме дома и минеме низ тежок период, ова е подарокот што ние го спремивме за нашата публика, за да ги разведриме и да им го разубавиме времето поминато дома. Промоција на албумот следи наскоро“, ни рекоа девојките.

 

Текстот (Видео) Со нова песна триото „Чикс“ го најави првиот албум е превземен од Reporter.mk.